ЕСМ бара да поскапи парното во Скопје

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „ЕСМ Дистрибуција на Топлина“ Скопје поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со отпад за зголемување на максималниот регулиран приход и цената за 2024 година.

Според поднесеното барање, ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија, кој за 2024 година изнесува 1.723.922.246 денари, како и на предадените количини на топлинска енергија од 472.622.547 kWh. Компанијата дополнително бара зголемување на трошоците за гориво за 2024 година за 12,92%.

Регулаторната комисија повикува сите заинтересирани правни и физички лица да ги достават своите мислења и предлози во врска со ова барање најдоцна до 28 јануари 2025 година до 12:00 часот. Предлозите може да се достават преку е-пошта (erc@erc.org.mk), факс (02/ 32 33 586), или на адреса (ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков, 6-ти спрат, 1000 Скопје).

Целта на ова барање е усогласување на трошоците и количините на топлинска енергија за тековната година, во согласност со финансиските проекции на ЕСМ. Решението за барањето ќе биде донесено по разгледување на сите пристигнати предлози и мислења

Back to top button
Close