ЕСМ: Достапна опција за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија

ЕСМ воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет страница ЕСМ Снабдување.

Фактурите за топлинска енергија, како што соопштија од ЕСМ, потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на веб-страната, во делот „ПЛАТИ СМЕТКА” користејќи две веб услуги.

Првата услуга е „Брзо плаќање”, услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку која потрошувачите со едноставно внесување на бројот на фактурата можат да извршат онлајн-плаќање, без претходна најава и регистрација на кориснички профил.

Втората услуга, „EsmEPay” е услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија со најава и регистрација на кориснички профил за имот или имоти.

– За да може потрошувачите да ги користат услугите за електронско плаќање на фактурите потребно е да ги следат упатствата поставени кај соодветната веб-услуга на веб страницата на „ЕСМ Снабдување” –  Упатство за користење на услугата EsmEPay – кориснички профил или Упатство за користење на услугата „Брзо плаќање”, велат од ЕСМ.

Back to top button
Close