ЕСМ и топланата Скопје Север потпишаа договор, општините Чаир и Бутел од утре наутро ќе имаат греење

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД „Скопје Север“ за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир и Бутел од утре наутро повторно ќе имаат парно греење. Покрај тоа, АД „Скопје Север“ го потпиша договорот за деловно-техничка соработка со АД ЕСМ, за што АД ЕСМ на почетокот на грејната сезона доби задолжение со одлука од Влада, а по барањето искажано од АД „Скопје Север“ за финансиска поддршка за набавка на гас, информираат од АД ЕСМ.

„АД ЕСМ со средства добиени наменски од Буџетот на Република Северна Македонија во текот на попладневните часови изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД ‘Скопје Север’, Макпетрол пром – гас, по што природниот гас ќе биде најбрзо испорачан до АД ‘Скопје Север’ за во што пократок рок да почне повторната испорака на топлинска енергија. Договорот е потпишан и од АД ‘Скопје Север’ и од сопственикот АД ‘Топлификација’ во стечај, и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на АД ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, АД ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата“,соопшти АД ЕСМ.

Back to top button
Close