ЕСМ исклучи дел од хидроцентралите на Треска по предупредувањето за можно прелевање на Вардар

По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар кај скопско Зелениково, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска. Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба.

Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН.
„Намалувањето на производството во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, и истото ќе се дополни преку останатите производни капацитети. Во текот на ноќта се очекува стабилизирање на дотоците“, велат од ЕСМ во соопштение до јавноста.

ЦУК претходно информираше дека во скопско Зелениково 15 до 20 метри од нивите биле зафатени со вода и предупреди за можно поплавување на куќите во реонот.

Back to top button
Close