ЕСМ: Октомвриските сметки за парно се доставени, нов пункт отворен во ГТЦ

ктомвриските сметки за парно се изработени и доставени, а во тек е нивна наплата, изјави денеска помошничката на директорот за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ. Таа вели дека износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати е ист со оние за август и септември.

„Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач од категоријата домаќинства одделно е прикажан во фактурата како поединечна финансиска поддршка за фиксните и варијабилните трошоци. Потрошувачите ги добија фактурите на ист начин како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата ‘е-фактура’, фактурата ја добија во електронска форма на нивната меил адреса, додека останатите потрошувачи ја добија фактурaта во хартиена форма на својата адреса на живеење“,додава Маројевиќ.

Таа ги повикува сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура затоа што, како што вели, е тоа најсигурен, најбрз и најекономичен начин на достава.

Инаку, во ГТЦ е отворен нов пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, јави МИА. Се наоѓа во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ, на улицата „11 Октомври“ 9.

Таму, потрошувачите можат да ги платат фактурите за топлинска енергија, да склучат договори, како и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, или да поднесат формулар за добивање на е-фактура.

„Истите услуги нашите потрошувачи можат да ги добијат и во другите два пункта на ЕСМ СНАБДУВАЊЕ на кои функционираат од 15-ти октомври, едниот лоциран на во населбата Тафталиџе и другиот лоциран во населба Аеродром“,

додаде Маројевиќ.
Работното време на сите три пункта е од понеделник до петок од 07:30 до 19:00 и сабота од 08:00 до 13:00 часот. Пунктот на ЕСМ Снабдување кај Олимписки базен не е повеќе во функција.

Back to top button
Close