ЕСМ: РЕК Битола испрати свои пожарникари за гаснење на пожарот во Жито Битола

РЕК Битола како општествено одговорна компанија, посочија од компанијата, во многу наврати учествува во различни акции за заштита на општественото добро.

Противпожарната служба на комбинатот беше вклучена во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјата минатото лето, а претходно и во гаснењето на депонијата Мегленци во близина на РЕК Битола.

Согледувајќи ја важноста на противпожарната служба за комбинатот, како и за градот и државата, Синдикатот на РЕК Битола, каде членуваат пожарникарите од РЕК Битола, и менаџментот на комбинатот договорија осовременување на опремата што ја користат пожарникарите при интервенциите, како и на униформите што ги носат вработените во службата. Во фаза на потпишување се договорите за набавка на униформи за пожарникарите, на противпожарни одела, ракавици и чизми во вкупна вредност од над четири милиони денари, односно околу 70.000 евра. Новата опрема ќе ја зголеми безбедноста на пожарникарите, а ќе ја зголеми и ефикасноста при интервенциите, информираа од ЕСМ.

Back to top button
Close