„ЕСМ Снабдување со топлина”: Се изработуваат фактурите за парно за октомври

Во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври, со постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на „ЕСМ Снабдување со топлина” од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина Балкан Енерџи”.

Во законска постапка ја преземаме целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите на централниот систем за греење и сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје“,соопштија од „ЕСМ Снабдување со топлина“.

Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика како и Одлуката за давање лиценца за вршење на дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје. Целта е обезбедување континуитет односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес.

„ЕСМ Снабдување со топлина“ најавува дека во иднина ќе биде контролор на личните податоци на потрошувачите. Ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што, како што укажува, потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци.

 

 

 

 

Back to top button
Close