ЕСПН: Фудбалерите на Реал Мадрид се потресени од вестите за желбата на Меси да ја напушти Барселона

Фудбалерите на Реал Мадрид емотивно реагираа на веста дека капитенот на Барселона, Лионел Меси има намера да го напушти каталонскиот клуб.

Според „ЕСПН“, повикувајќи се на извор близок до играчите на мадридскиот клуб, тие биле шокирани од веста дека Меси ја известил Барса дека сака да си замине.

– Најпрво фудбалерите реагираа со недоверба на оваа информација. Не веруваа дека Аргентинецот сериозно одлучил да го смени клубот. Беа шокирани што Меси реши да си замине од Барса во толку тежок момент за клубот. Покрај тоа, тие беа изненадени од тоа како играчот одлучи да постапи по ова прашање, стои во веста на „ЕСПН“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close