ЕСПН го избра македонскиот дрес за најубав на Европското првенство
„Ни се допаѓа буквално сè што содржи овој дрес. Тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека нивното знаме е толку директно претставено на нивните дресови. Нивното знаме е импресивно, тоа го нарекуваме намера, а доколку го имате и на дресот тогаш дефинитивно имате и шанса“
рекоа во образложението за изборот еден од уредниците на ЕСПН Клинтон Јетс и поранешниот американски фудбалски репрезентативец Херкулес Гомес, кој сега работи како стручен коментатор за американската телевизиска мрежа.
Македонскиот фудбалски дрес во црвено – жолта и во бела комбинација е дизајниран од германскиот производител на спортска опрема „Јако“, кој од 2014 година ги „облекува“ македонските фудбалски репрезентации.
Во пресрет на Европското првенство, ФФМ нарача нови дресови, но тие наидоа на бура негативни реакции во јавноста. ФФМ ја презема одговорноста и рече дека ќе бара одговорност и од техничкиот партнер, a се обратија и до УЕФА и побараа македонските фудбалери да играат со старите дресови, кои сега се избрани за најдобри на европскиот шампионат.