Естонија воведе санкции против Додик и Влах

Естонија денеска воведе санкции против поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик и проруската молдавска политичарка Ирини Влах поради водење на сепаратистички политики во РС и во Молдавија.

– Естонија нема да ги толерира оние кои го потткопуваат суверенитетот и поттикнуваат сепаратизам. Воведуваме санкции против Ирини Влах и Милорад Додик. Нивните активности ги кршат нормите на меѓународното право и го загрозуваат мирот и безбедноста, објави н аплатформата Икс шефот на естонската дипломатија Маргус Цахна.

Претходно, Словенија, Германија и Австрија воведоа санкции против Додик поради напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Додик од 2017 година е на „црната листа“ на американската администрација, а санкциите беа продолжени во 2022 година поради кршење на Дејтонскиот мировен договор.

Санкциите против Влах се воведени пред парламентарните избори во Молдавија, што ќе се одржат в недела

Back to top button
Close