Етопска организација за човекови права тврди дека во земјата имало масакр

Членовите на подмладокот на етничката група Тиграјци од Етиопија убиле најмалку 600 цивили за време на судирите со локалните безбедносни сили во масакрот во градот Маи Кадра, соопшти денеска Етопската организација за човекови права.

Нападот, кој се случил на 9 ноември, бил насочен кон луѓе кои не се од тиграјско потекло, изјави владин претставник.

Сепак, светските агенции не можат да го потврдат бројот на убиени затоа што се прекинати интернет и телефонските кабли во тој регион и многу е тешко да се дојде до информации.

Водачите на тиграјските сили не биле достапни за коментар, но тие и претходно негираа каква било вмешаност во масакрот.

Нападот бил насочен против етничките групи Амхара и Волкаит, кои живеат во Маи Кадри.

Градот во северниот дел на Етиопија е под опсада поради борбата меѓу владините сили и силите на Тиграј, во конфликт кој трае три недели во кој се убиени стотици луѓе.

Во извештајот за денот на нападот, локалната полиција ги проверила личните карти на граѓаните за да разликува луѓе кои немаат тиграјско потекло од други.

До попладневните часови, припадниците на подмладокот на тиграјската група „Самри“ со полицијата отишле во делот од градот каде живеат луѓе со друго етничко потекло, а масакрот почнал со убиството на земјоделецот Амхар, кој бил ликвидиран пред неговото семејство, додека неговата куќа била изгорена до темел

Back to top button
Close