ЕУ ја чекаат уште три сушни и топли месеци, предупредуваат експертите

Експертите предупредуваат дека топлотниот бран кој предизвика голема суша и шумски пожари ширум Европската унија може да трае уште три месеци.

„Во западниот евро-медитерански регион веројатно ќе биде топло и суво до ноември 2022 година, особено во Шпанија и Португалија“, се вели во августовскиот извештај на програмата на ЕУ за набљудување на Земјата „Коперникус“.
Речиси половина од ЕУ е под предупредување за суша, а условите се влошуваат во Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Романија и Шпанија.
Во извештајот се наведува и зголемениот ризик од суша надвор од ЕУ: во Велика Британија, Србија, Украина и Молдавија.
Се додава дека недостигот на дожд и серијата топлотни бранови од мај доведоа до суша и намалување на нивото на реките, што влијаеше и на енергетскиот сектор.

Back to top button
Close