ЕУ-амбасадори: Очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот

Очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот, со почитување на сите мерки на претпазливост од КOVID-19. Изборниот процес е можност политичките актери, да ја потврдат и јасно да ја покажат својата посветеност на владеењето на правото и почитувањето на највисоките европски стандарди, вклучително и со избегнување на потпалувачки говор, лажни вести и дискриминација. Враќањето на целосното функционирање на собранието ќе и биде од корист на земјата да се подготви за пристапните преговори кои наскоро ќе ги отпочне и ќе и овозможи да продолжи да ги спроведува клучните реформи.

Ова се наведува во денеска објавената пишана заедничка изјава на Шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар и на амбасадорите на земјите-членки претставени во Скопје по повод веќе започнатата кампања за превремените парламентарни избори на 15 јули..

-Го поздравуваме договорот за датум за избори постигнат помеѓу политичките партии. Ја признаваме улогата на Претседателот на земјата во олеснувањето на дијалогот меѓу партиите овозможувајќи и на земјата да го продолжи изборниот процес врз основа на консензус и да спроведе слободни, фер и кредибилни избори. Убедени сме дека граѓаните на Република Северна Македонија ќе ја покажат својата посветеност на парламентарната демократија остварувајќи го своето право на глас за насоката и приоритетите на земјата. Бидејќи Република Северна Македонија наскоро ќе ги отпочне пристапните преговори со Европската Унија, враќањето на целосното функционирање на собранието ќе и биде од корист на земјата и ќе и овозможи да продолжи да ги спроведува клучните реформи, како и да се подготви за преговори, се  наведува во изјавата..

Како Европејци, се додава, сите заедно се соочуваме со последиците од кризата со КОВИД-19. Кризата не е завршена и почитувањето на сите мерки на претпазливост е сè уште од голема важност за сите нас.

-Го поздравуваме воведувањето протоколи и процедури кои им овозможуваат на граѓаните да ги остварат своите демократски права, истовремено осигурувајќи дека нивното здравје и безбедност се заштитени и ги охрабруваме оние што се одговорни за нивното спроведување, да ја добијат потребната обука и поддршка, наведуваат евродипломатите.

Во однос на Државната изборна комисија, се посочува дека таа во овој момент има посебни должности, кои мора да се извршуваат на независен и професионален начин во интерес на земјата и со поддршка од други државни институции. Во интерес на воспоставување меѓународно признавање на слободни и фер избори, во изјвата се поздравува и одлуката на ОБСЕ / ОДИХР да ги оцени изборите.

-Очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот, со почитување на сите мерки на претпазливост од КOVID-19. Изборниот процес е можност политичките актери, од сите страни, да ја потврдат и јасно да ја покажат својата посветеност на владеењето на правото и почитувањето на највисоките европски стандарди, вклучително и со избегнување на потпалувачки говор, лажни вести и дискриминација, стои во изјавата.

Претствниците на ЕУ Делегацијата и на земјите членки на ЕУ, со укажување и на важноста на улогата на медиумите во изборниот процес.

-Ја признаваме важноста на слободни и независни медиуми за демократијата и ги охрабруваме да ја извршуваат својата важна улога, особено за време на изборите, професионално и совесно, обезбедувајќи им на граѓаните веродостојни информации за нивните одлуки во гласачката кутија, порачуваат во заедничката изјава на Шефот на Делегацијата на ЕУ и на амбасадорите на земјите-членки.

Back to top button
Close