ЕУ бара да се стави крај на заканите врз територијалниот интегритет на БиХ

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска одржаа дискусија за состојбата во Босна и Херцеговина и побараа да се стави крај на провокативната политичка реторика во оваа земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ “жали поради продолжената политичка криза“ во Босна и Херцеговина и “го осудува блокирањето на државните институции“.

-Советот итно бара од политичките лидери да се откажат од провокативните реторики и дејствија на поделба вклучително и територијалниот интегритет на земјата и да ги вложат напорите во исполнувањето на 14-те клучни приоритети идентификувани од страна на мислењето на Европската Комисија за аплицирање за членство во ЕУ, стои во заклучоците усвоени од министрите за надворешни работи на ЕУ попладнево.

Заклучоците го поздравуваат и присуството на мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина, чиј мандат се “рефокусира на поддршка за властите на Босна и Херцеговина за зачувување на безбедна и сигурна средина базирана врз солиден модел на предиктивна интелигенција“. 

Back to top button
Close