ЕУ бара од Индија 10 милиони вакцини на Астра Зенека

ЕУ побара од Индија дозвола за купување 10 милиони дози вакцини на „Астра Зенека“ од индискиот Институт за серум, изјави претставник на индиската влада.

„Амбасадорот на ЕУ напиша писмо, во кое вели: Ве молам, дајте ни одобренија за извоз”, рече индиски официјален претставник, додавајќи дека писмото е испратено пред околу две недели.

ЕУ сака вакцини од Институтот за серум, најголемиот светски производител на вакцини, за да го надополни недостигот на залихи од европските фабрики на „Астра Зенека“ и да го забрза процесот на вакцинација во ЕУ.

„Какво било брзо одобрување на барањата на ЕУ е малку веројатно, бидејќи Индија работи на зголемување на домашната вакцинација“, рече владин претставник.

Велика Британија исто така врши притисок врз Индија да ја извезе и втората половина од 10-те милиони дози што ги нарачала од тој институт, изјави истиот извор.

Институтот за серум првично требаше да ја произведува вакцината на „Астра Зенека“ само за земји со низок и среден приход.

Најновиот потег на ЕУ, како што оценуваат странските агенции, е последен знак на зголемен притисок врз официјален Њу Делхи да извезува најголем дел од своето производство во други земји. 

Back to top button
Close