ЕУ дига тревога: Ризикот од пожари се движи кон Грција и Италија

Грција, Италија и централна Европа се соочуваат со зголемен ризик од пожари во наредните недели, додека пожарите продолжуваат да беснеат во Шпанија и Франција. Предупредувањето го издаде шефот на Центарот за координација на реагирање во вонредни ситуации на ЕУ, Марија Цубер.

Според неа, тековниот топлотен бран најавува исклучително тешки денови. Ризикот веќе се движи кон Грција и централна Европа, а ќе стигне и до Италија на почетокот на август. Цубер предупреди дека ако ситуацијата се влоши на Пиринејскиот полуостров, „Европа ќе биде во пламен“.

Back to top button
Close