ЕУ ќе ги избрише Србија и Црна Гора од листата безбедни земји поради големиот број заразени

Европска Унија ќе ги отстрани Србија и Црна Гора од листата безбедни земји, додека за вклучувањето на САД на листата не ни било разговарано, со оглед на големиот раст на инфицирани лица со Ковид-19, јавија западните медиуми повикувајќи се на неименнувани извори.


Отстранувањето на Црна Гора и на Србија од листата на безбедни земји е на предлог на претседатвачот на ЕУ, Германија. Предлогот вчера бил поддржан од неколку држави, вклучително Франција, Шпанија и Холандија.

Одлуката официјално треба да биде потврдена на денешниот состанок на дипломатите на ЕУ.

Листата е само препорака. Сите земји-членки на ЕУ не ги применуваат нејзините одредби.

Двете балкански држави ќе бидат избришани од листата поради зголемено ширење на Ковид-19.

Back to top button
Close