ЕУ ќе ги избрише Србија и Црна Гора од листата безбедни земји поради раст на новозаболени лица со Ковид-19

– Европска Унија ќе ги отстрани Србија и Црна Гора од листата безбедни земји, додека за вклучувањето на САД на листата не ни било разговарано, со оглед на големиот раст на инфицирани лица со Ковид-19, јавија  западните медиуми повикувајќи се на неименнувани извори.

Отсранувањето на Црна Гора и на Србија од листата на безбедни земји е на предлог на претседатвачот на ЕУ, Германија. Предлогот вчера бил поддржан од неколку држави, вклучително Франција, Шпанија и Холандија.

Одлуката официјално треба да биде потврдена на денешниот состанок на дипломатите на ЕУ.

Листата е само препорака. Сите земји-членки на ЕУ не ги применуваат нејзините одредби.

Двете балкански држави ќе бидат избришани од листата поради зголемено ширење на Ковид-19.

Земјите на ЕУ разговараа и за отстранување на Алжир и Мароко од списокот поради пораст на случаите, но повеќето се спротивставија на тој потег затоа што бројките се уште се релативно ниски.

По исклучувањето на Србија и на Црна Гора, 13 земји ќе останат на листата –  Алжир, Австралија, Канада, Кина, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. И покрај тоа што се наоѓа на листата безбедни земји, патувања од Кина ќе бидат дозволени само ако кинеските власти дозволуваат и посетители од ЕУ. Условот за реципроцитет не се применува во случај на другите наведени земји.

Back to top button
Close