ЕУ ќе забрани летови на пакистанскиот авиопревозник на шест месеци

Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија денеска соопшти дека на пакистанската национална авиокомпанија нема да и биде дозволено летање во Европа најмалку шест месеци, откако министерот за воздухопловство на таа земја откри дека речиси третина од пакистанските пилоти мамеле на пилотски испити.

Портпаролот на Пакистанскиот меѓународен авиопревозник (ПИА), Абдула Хафез изјави дека ПИА не лета кон Европа поради пандемијата на коронавирусот.

Back to top button
Close