ЕУ и САД нема да се согласат со распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители, смета Лога

Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, смета дека ЕУ и САД нема да се согласат со распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, потег што го најавува ВМРО-ДПМНЕ.

Откако минатата недела во писмо до дел амбасадите во земјава, како и до официјален Брисел и Вашингтон, изрази загриженост за намерата, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Лога образложи зошто мисли оти ЕУ и САД нема да поддржат ваков чекор.

Децидно ни е кажано во Извештајот на Оценската мисија дека мора да има континуитет и дека државните институции не може да поминуваат низ трауми – вие ќе имате нов состав, а утредента ќе треба да имате оценување на судии. Значи, утредента ќе имате можност да именувате нови судии, вели Лога.

Лога вели дека „лекот “ за Судскиот совет е најден, дека тоа се препораките од Оценската мисија на ЕУ и дека тие понатаму треба да се пресликаат и за Советот на јавни обвинители.

Најавува дека Министерството за правда неделава може да објави нацрт-измени на Законот за Судски совет врз основа на препораките од Оценската мисија на ЕУ.

 

 

Back to top button
Close