ЕУ и САД разочарани поради блокадата за Македонија

 

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс изрази разочарување од недостигот на консензус меѓу земјите-членки на ЕУ за одредување датум за почеток на преговорите со Северна Македонија.

-Остануваме разочарани што земјите-членки на ЕУ не успеаја да ја постават преговарачката рамка за Северна Македонија на советот за општи работи. Но, нема сомнение дека Северна Македонија ја заврши потребната задача да започне преговори за членство во ЕУ – истакна Брнс.

Во меѓувреме, евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека ЕУ, преку словенечкото претседателство, ќе продолжи со напорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија.

-Бидејќи секогаш ги повикувавме владите да ги решаваат прашањата билатерално, треба да ги признаеме и искрените напори што се направени неодамна. Постигнат е напредок, но работата треба да продолжи што е можно побрзо. Сега останува на словенечкото претседателство да продолжи напред и да вложи напори за решавање на ова прашање – рече Гир.

Back to top button
Close