ЕУ и Велика Британија ќе го преиспитаат одржувањето на самитот во Брисел по оставката на Стармер

Европската Унија и Велика Британија ќе го преиспитаат одржувањето на самитот што беше закажан во Брисел, по оставката на британскиот премиер Кир Стармер, соопшти денеска Европската комисија.
– По објавувањето на оставката на премиерот Кир Стармер, заедно со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе го преиспитаме одржувањето на самитот што беше најавен минатата недела и ќе донесеме соодветна одлука – изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо. Таа нагласи дека односите на Унијата со Велика Британија се и ќе останат силни.
Претходно, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му оддаде признание на Стармер за неговиот ангажман.
„За две години станавте државник – нешто за што на некои лидери им се потребни многу повеќе години. Благодарение на Вас, се зајакна безбедноста на Европа и на Украина“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“






