ЕУ инсистира на исполнување на обврските, Брисел и Скопје едногласни за македонската евроинтеграција

Претставниците на институциите на Европската Унија остануваат на определбата за целосна посветеност за поддршка на земјава на нејзиниот европски пат, преку спроведување на неопходните реформи и исполнување на критериумите за членство, но и имплементација на преземните обврски. Според нив, треба да се искористи актуелниот момент во процесот на проширување, кој би можело да го снема имајќи ги предвид останатите предизвици со кои се соочува Европа и со тоа евроинтеграцијата на земјава да остане на маргините. Од друга страна, македонските политички претставници ја нагласуваат посветеноста на членството на земјата во ЕУ и определбата за консензус за државните интереси и за забрзување на реформите неопходни за пристапување кон Унијата.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вчера на средба со неговиот полски колега Адам Шлапка во Варшава, порача дека земјава останува посветена на својата европска иднина.

Муртезани ги истакна досегашните постигнувања на Северна Македонија во пристапните преговори со ЕУ и ја нагласи важноста на поддршката од земјите членки за понатамошно унапредување на интегративниот процес. При тоа, тој нагласи дека активниот дијалог со земјите членки на ЕУ е клучен за успешното спроведување на пристапниот процес.

И министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на средба со ко-претседавачот на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, хрватскиот европратеник Карло Реслер, ја потврди цврстата решителност на Владата за постигнување напредок на европскиот пат на земјата, како и за унапредување на добрососедските односи врз основа на принципите на меѓусебна почит и доверба.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на работна средба го примил Карло Реслер, европратеник и ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Р

На потребата од консензус за стратешките интереси на земјава, меѓу кои еден од приоритетните е и евроинтеграцијата, во повеќе наврати се осврна и премиерот Христијан Мицкоски. Така, во новогодишното интервју за МИА, тој нагласи дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има каква било идеја, што води кон национално помирување за државните стратешки интереси.

Мицкоски нагласи оти е добро што идејата за заедничка стратегија, на која повика и тој самиот, а потоа и коалицискиот партнер ЗНАМ преку предложената Платформа, но и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче со предлагање на натпартиска стратегија, е се поприсутна и се втемелува во јавноста. Тој додаде дека со Филипче досега не искомуницирал за оваа конкретна тема, но дека имаат чести средби и разменуваат по некоја реченица.

Филипче, кој е и претседавач на собранискиот Национален совет за евроинтеграции, смета дека е добро е да се одржува консензусот за членство на земјата во Европската Унија, оценувајќи дека сите политички субјекти треба да дадат свој придонес за отворање на првиот кластер од преговорите за членство и имаат одговорност да придонесат кон овие напори.

– Сметам дека претставници на сите денес присутни политички и економски субјекти ќе дадат свој придонес во работата и поддршка на Владата во остварување на овој процес, со цел навистина да се забрза процесот и дека во овој состав на Собранието и во овој мандат ќе се отвори првиот кластер, рече Филипче на вчерашната заедничка седница на собраниските Национален совет за евроинтеграции и Комисија за европски прашања, на чиј дневен ред беше Извештајот на Еврокомисијата за земјава за 2024 година

На истата седница, Шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадорот Михалис Рокас порача дека треба да се искористи моментумот на наклонетост во Европската комисија кон земјава за почеток на преговорите за членство во Унијата.

– Би сакал да ве поттикнам да го искористите тековниот момент на наклонетост кон проширувањето. Има вистински моментум, има вистинска посветеност. Од наша страна сме посветени и подготвени да ви помогнеме да го изодите патот кон Европската Унија, рече Рокас.

Тој потсети и дека и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, еврокомесарката за проширување Марта Кос и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас ја поддржуваат европската перспектива на земјава, порачувајќи дека таа поддршка треба да се искористи на најдобар можен начин, „пред се и над се, заради придобивките за граѓаните кои сакаат да бидат дел од ЕУ“.

Полскиот амбасадор Мариуш Бримора, пак, во интервју порача дека проширувањето на Унијата со земјите од Западниот Балкан останува приоритет на Полска за време на претседавањето со Советот на ЕУ, најавувајќи дека неговата земја ќе се вклучи во напорите за надминување на ќор-сокакот во кој западна македонскиот евроинтеграциски процес со тоа што наскоро претставници на полското МНР ќе заминат за Софија каде, меѓу другото, со нивните домаќини ќе разговараат за „ситуацијата со Северна Македонија“.

Според него, овој ќор-сокак е резултат на билатерално прашање, кое треба да го решат „инволвираните земји“, додека останатите членки на ЕУ можат само да ги поддржат напорите за изнаоѓање решение.

– Но, зависи од вас, да почнете да разговарате и да договорите компромис, истакна Бримора, оценувајќи дека главна задача на македонската Влада е да почне да разговара и да дојде до некаков заклучок, што е можно побрзо, кој ќе биде прифатлив и за Скопје и за Софија.

роширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан останува приоритет на полското претседателство со Советот на Унијата, кое почна на почетокот на месецов, вели во интервју за „360

Но, паралелно со поддршката на македонските евроинтегративни аспирации, претставниците на ЕУ потсетуваат дека покрај реформите, за деблокирање на својот европски пат земјава мора да ги исполни обврските преземени со Преговарачката рамка, поврзани со уставните измени.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос неделава на дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), порача дека Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ.

– Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија, ќе можеме да продолжиме на тој пат, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата.

Во однос на идејата за „уставни измени со одложено дејство“, полскиот амбасадор Бримора вели дека некои сојузници на Владата инсистираат дека тоа е возможно, но дека од друга страна нема навестување оти Брисел или Софија би ја промениле позицијата по ова прашање.

– Не сум сигурен дека овој предлог може да биде ефективен… Се е поврзано со стариот латински принцип во меѓународното право – pacta sunt servanda, што значи дека договорите треба да се почитуваат, додаде Бримора.

Back to top button
Close