ЕУ одобри нов пакет помош за Украина во вредност од 500 милиони евра

epa10424476 (L-R) Portugal’s Foreign Minister Joao Gomes Cravinho, Romania’s Bogdan Aurescu and Croatia’s Gordan Grlic-Radman chat at the start of the Foreign Affairs Council in Brussels, Belgium, 23 January 2023. The Council was expected to address issues such as the Russian invasion of Ukraine, as well as exchange views on the Sahel and coastal countries of West Africa. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европската унија денеска и одобри дополнителна воена помош на Украина во вредност од 500 милиони евра, додека Берлин е под притисок на Киев да му да испорача германски тенкови „Леопард”.

Британските медиуми пренесуваат дека на денешната средба во Брисел на шефовите на дипломатиите на 27-те земји членки е постигнат договор за седмиот пакет помош, откако западните земји минатата недела не успеаја да се договорат за испраќање борбени тенкови во Украина, иако ветија поддршка вредна милијарди евра.

Покрај пакетот од 500 милиони евра, одобрени се дополнителни 45 милиони за „несмртоносна опрема” и за воена обука на ЕУ за Украина, изјави дипломат од ЕУ, што беше потврдено од два други извори по состанокот на министрите зад затворена вратите.

Германските тенкови „Леопард”, испорачани од армиите низ Европа, се сметаат за најпогодни за Украина, но Берлин мора да го одобри нивното распоредување.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки уште утринава во Познан изјави дека условот неговата земја да испрати германски тенкови „Леопард” како помош за Украина е тоа да го стори „во коалиција со барем мала група земји”, но дека сега има трошка надеж дека и самата Германија на крајот ќе ги испрати тенковите.

-Ќе побараме дозвола (од Германија) да испратиме тенкови „Леопард” во Украина, но тоа е секундарно прашање. Услов за тоа е да се создаде барем мала коалиција на држави подготвени да го сторат истото, рече Моравјецки.

Се очекуваше министрите да разговараат, но не и да одлучат, за користењето на руските средства замрзнати во Европа за да се помогне во обновата на Украина, како и за десеттиот пакет санкции против Русија, кои ќе стапат на сила следниот месец.

Унгарија меѓутоа сигнализираше дека се противи за дополнителни санкции, особено ако тие би ја ограничиле соработката на Будимпешта со Москва во нуклеарната енергија.

-Сите одлуки кои би можеле да ја продолжат војната или да доведат до потенцијална ескалација се против нашите интереси. Докажано е дека санкциите ја водат Европа во ќорсокак, рече министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто

Back to top button
Close