ЕУ подготвена сама да воведе данок на дигитални услуги

Европската унија е подготвена сама да воведе данок на дигиталните услуги на компании како „Гугл“, „Амазон“, „Фејсбук“ и „Епл“ доколку не се постигне глобален договор до крајот на годината, соопшти европскиот комесар за економија.

Паоло Џентилони на тој начин реагираше на повлекувањето на САД од преговорите за глобално решение за оданочување на дигиталните услуги.

Американскиот министер за финансии вчера објави дека САД се повлекуваат од разговорите бидејќи не е постигнат напредок.

– Исклучително ми е жал за одлуката на САД кои ќе ги блокираат меѓународните разговори за оданочување на дигиталната економија. Се надевам дека тоа е само краткорочен застој, а не дефинитивен крај, рече Џентилони.

– Европската комисија сака глобално решение за оданочувањето на корпорациите век и веруваме дека двојниот пристап на ОЕЦД е вистинскиот. Ако ова не е можно годинава тоа да се направи, ние јасно ставивме до знаење дека ќе дадеме нов предлог на ниво на ЕУ, истакна Џентилони.

Back to top button
Close