ЕУ предупредува за раст на антисемитизмот

Земјите-членки на Европска Унија денеска едногласно усвоија декларацијаво која изразуваат загриженост поради пораст на антисемитизмот.

Во декларацијата се наведува дека е многу загрижувачки растот на закани против Евреите во Европа, посебно повторното појавување на конспирациски митови, јавно изразување на антисемитизам, посбено во контекст на пандемијата соКовид-19, како и пораст на антисемитски инциденти и злосторства од омраза.

Во документот се истакнува дека борбата против антисемитизмоттреба да се решава на повеќе нивоа на власта – локално, национално и европско.

– Секој облик на антисемитизам, нетолеранција или расна омраза е неспоив со вредностите и целите на ЕУ и нејзините членки, се наведува во декларацијата и се додава дека земјите-членки на ЕУ мора да jа гарантираат безбедност на еврејските заедници и институции.

– Европа цврсто стои против сите облици на антисемитизам. Евреите се и секогаш ќе бидат дел од европските држави и нашиот начин на живот. Обврските што денеска ги презедоа земјите-членки се уште една потврда на тој факт, изјави потпретседателот на Комисијата за унапредување на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close