ЕУ препорачува апликации за следење на заразените со Ковид-19, но само ако се анонимни и доброволни

Земјите од ЕУ мора да работат заедно при воведувањето апликација за следење на контактите на заразени од коронавирус, за граѓаните би можеле да ги користат во целата Унија, изјави еврокомесарката за здравство Стела Кириакидис пред почетокот на врвот на туристичката сезона.

– Треба да обезбедиме брзо и ефикасно прекугранично слење на контакти, што, исто така, бара тесна координација, рече Кириакидес на вчерашната видео конференцијата со министрите за здравство на ЕУ

– Интероперабилноста е клучна затоа што им овозможува на граѓаните да бидат предупредени за можна инфекција каде и да се во ЕУ и преку која било апликација што ја користат, објасни таа

Сите апликации мора да бидат безбедни, анонимни и доброволни, истакна Кириакидес.

Таа се спротивстави на предлозите за издавање сертификати за имунитет, тврдејќи дека доказите за имунитет по инфекција со коронавирус сè уште не се доволно јасни.

Наместо тоа, членките на ЕУ „треба да продолжат да инсистираат на мерки за спречување на инфекција, како на пример одржување физичко растојание, рече Киријакидес.

Нејзините предупредувања се совпаднаа со дискусиите на земјите од ЕУ за отворање на нивните граници пред врвот на туристичката сезона од јули до август.

Туризмот директно и индиректно учествува во 10 отсто од бруто домашниот производ на ЕУ, според Европската комисија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close