ЕУ сака да го продолжи рокот за разгледување на планот за закрепнување на Унгарија

– Европската комисија предложи продолжување на рокот за разгледување на планот за закрепнување и издржливост на Унгарија, додека Будимпешта го обвинува Брисел за кратење пари од фондот на ЕУ поради новиот унгарски закон за ЛГБТ заедницата.Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис денеска рече дека ЕК и предложила на Будимпешта да го продолжи рокот за разгледување на планот до 30 септември.

Проверката требаше да биде завршена на почетокот на овој месец, но несогласувањата доведоа до одложување.

Повеќе од половина од земјите-членки сега имаат одобрение од Европската комисија за нивните национални планови за закрепнување и издржливост од Механизмот за закрепнување. Овој механизам има за цел да им помогне на земјите-членки во борбата против ефектите од пандемијата на коронавирусот и е составен дел од планот за обновување на ЕУ, вреден вкупно 750 милијарди евра.

Унгарија, сепак, сè уште чека одобрување од Комисијата.

Будимпешта смета дека Брисел не сака да го поддржи унгарскиот план за закрепнување од последиците од пандемијата поради новиот унгарски закон, за кој ЕК смета дека е насочен против ЛГБТ заедницата. Станува збор за неодамна усвоен закон според кој малолетните лица во училиштата не треба да изучуваат за хомосексуалноста.

Back to top button
Close