ЕУ стави крај на шпекулациите: Нема никаков нон-пејпер за Западен Балкан

Се работи за документот што словенечкиот премиер Јанез Јанша наводно ги проследил до лидерите на ЕУ минатата пролет, што предизвика големи турбуленции во регионот

Јанша демантираше дека такво нешто напишал, а претставници на Европската унија претходно изјавија дека границите на Западен Балкан се „затворено прашање“

Никаков нон-пејпер за прекројување гаранции на Западен Балкан не кружеше меѓу членовите на Европскиот совет, ниту пак за такво нешто е дискутирано во ниту едно работно тело на Советот, се наведува во одговорот на прашање од словвенечки европратеник.

Со ова, во последните денови од септември, ЕУ стави крај на шпекулациите за наводниот  „нон -пејпер“ што словенечкиот премиер Јанез Јанша наводно ги проследил до лидерите на ЕУ минатата пролет, што предизвика големи турбуленции во регионот.

На 15 јули, словенечкиот пратеник Клемен Гросеj, член на политичката група „Да ја обновиме Европа“ и член на неколку работни тела на Европскиот парламент што се занимаваат со прашања поврзани со Западен Балкан, ги праша надлежните институции за тој документ.

„Темите во тој документ би имале далекусежни импликации за политичката стабилност на земјите од Западен Балкан, и на тој начин би имале значајни последици врз политиката на Европската унија кон целиот регион“,рече тогаш Гросеj, барајќи пристап до контроверзниот документ , без оглед на степенот на тајност.

Неколку месеци подоцна, официјално тој доби одговор дека таков документ не постои.

Неколку пати, различни претставници на институциите на ЕУ тврдеа дека никогаш не виделе „словенечки нон-пејпер“ за прекројување на границите, а самиот Јанша го негираше авторството на таков документ, но шпекулациите повторно беа поттикнати со нови „информации“ во јавноста.

Back to top button
Close