EУ стравува од нови немири: „Конфликтот може да се прелее и на Балканот“

Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави во интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ дека е загрижен поради можни нови конфликти.

Борел тврди дека конфликтот може да се прелее во Молдавија и Грузија, каде што отцепените региони со руско население веќе функционираат како држави, но без меѓународно признавање. Смета дека влошување може да дојде и во поранешна Југославија.

„Се плашиме дека може да има повеќе конфликти, на пример на границата со Молдавија, или дека нешто може повторно да се случи на Балканот. Тоа нè загрижува. Или во Грузија, каде Русија изврши агресија во 2008 година. Јас лично сум загрижен“. рече тој.

Back to top button
Close