ЕУ во Србија за газењето студентка во Белград: Многу сме загрижени, правото на собирање мора да се заштити
Делегацијата на Европската Унија во Србија денеска соопшти дека е многу загрижена поради повредата на студентката од автомобил при сообраќајна блокада во Белград денеска и посочи дека правото на собирање мора да се заштити кога тоа се остварува мирно.
Во врска со инцидентот за време на 15-минутната сообраќајна блокада во спомен на загинатите на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, Делегацијата на ЕУ во Србија изјави дека очекува брза истрага.
„Многу сме загрижени поради денешниот инцидент против демонстрантите. Очекуваме брза истрага и на повредената студентка и посакуваме целосно закрепнување. Правото на собирање е основно право кое мора да се заштити кога се остварува мирно“, соопшти Делегацијата на социјалната мрежа Х.
Движењето Тргни-Промени денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, за поттикнување насилство, по инцидентот во кој студентка беше удрена од автомобил при блокада во Белград, јавија српските медиуми.
„Претседателот Вучиќ во неколку наврати во своите директни обраќања ја минимизираше вината на возачите кои со своите автомобили влетаа во насобрани студенти, со што директно го охрабри насилството врз студентите кои мирно ги искажуваат своите ставови“, се вели во соопштението.
Ова не е првпат, како што се тврди, Александар Вучиќ, користејќи национални фреквенции, да шири атмосфера на страв, да поттикнува насилство и да ги загрозува основните човекови права.„ Ваквите изјави не смеат да останат неказнето. Обвинителството е должно да реагира и да ги заштити студентите и сите граѓани од секаков облик на насилство и злоупотреба на власта“.
Тргни-Промени поднесе и кривична пријава за корупција од 65 милиони евра за реконструкција на железничката станица во Нови Сад против Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ и Милош Вучевиќ.
Полицијата набргу по инцидентот го уапси возачот М.П. (38) кој е осомничен за кривично дело – „Тешко убиство во обид“