ЕУ за конфликот во Венецуела: Мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН

Со изјавата на европската претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас не е јасно дали ЕУ ги осуди САД за кршење на принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН со нападот врз Венецуела.
Од изјавата сигурно може да се заклучи само дека Вашингтон нема поддршка од Брисел за нападот врз Венецуела и апсењето на Мадуро.
Во изјава за јавноста Калас објави дека разговарала со државниот секретар на САД Марко Рубио и со амбасадорит на унијата во Каракас.
Таа посочува дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела но не дава оценка за судирот.
,,ЕУ постојано изјавува дека на г-дин Мадуро му недостасува легитимитет и се залага за мирна транзиција. Под сите околности, мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН. Апелираме на воздржаност.
Безбедноста на граѓаните на ЕУ во земјата е наш врвен приоритет”, објави Калас.

Извор: express.mk






