ЕУ згрозена од уривањето на училиштето финансирано од ЕУ и Франција од страна на Израел во северниот дел на Западниот Брег

Европската Унија е згрозена од уривањето на училиштето финансирано од ЕУ и од Франција од страна на Израел, кое е во изградба во селото Акаба, во северниот дел на Западниот Брег, изјави денеска портпарол на ЕУ.

Училиштето ќе им служи на стотици палестински ученици од различни заедници, рече портпаролот.

-ЕУ очекува нејзините инвестиции во поддршка на палестинскиот народ да бидат заштитени од штети и уривање од страна на Израел, во согласност со меѓународното право, се вели во соопштението.

Франција, исто така, го осуди уривањето на училиштето и „ги повика израелските власти да преземат одговорност за овој чин“.

Back to top button
Close