ЕУРО 2020: Швајцарија го елиминира светскиот првак Франција на пенали

На националната Арена во Букурешт, Франција ја пречека Швајцарија во борбата за место во четвртфиналето. Французите започнаа офанзивно од самиот почеток, а Рафаел Варан имаше добра шанса по корнерот кога шутираше над голот од одлична ситуација. Зубер центрираше од левата страна, а највисок во казнениот простор на Франција беше Харис Сеферовиќ кој постигна одличен гол по удар со глава.

Одбрамбениот играч Харис Шеферовиќ ја доведе Швајцарија во водство во 15-тата минута. Швајцарскиот репрезентативец Стивен Зубер е нов рекордер на европските првенства откако му асистираше на Харис Сеферовиќ за водечкиот гол. Но, триколорите добро знаеја дека има уште многу игра. Светскиот првак брзо се созееде и само како да го чекаа второто полувреме.

Напаѓачот Карим Бензема блесна во второто полувреме. За две минути ја стресе швајцарската мрежа за водство од 2-1. Швајцарците, пред тоа не искористија пенал кој го реализираше Родригез. Голманот Лорис одлично го прочита ударот на Родригез, откако Швајцарија со помош на вар собата доби пенал.

А потоа нов шок кога 57-тата минута, Бензема со асистенција на Мббапе и овозможи израмнување на Франција, а само две минути подоцна и водство. Ја искористи грешката на Шаќири и конфузија на швајцарската одбрана, за втор гол.

Мбапе имаше одлична можност за трет гол. Швајцарците се нјадоа во ситуација да трчаат по израмнување, за да изнудат продолженија. Желбата им се сруши со третиот гол на Погба во 75-тата минута. и потоа целосен пресврт. реприза на натпреварот Хрватска-Шпанија. Швајцарија го намали резултатот во 81-та минута, повторно преку Сеферовиќ и јасно беше дека швајцарците ќе ги засилат нападите да дојдат до израмнување. И тоа им успеа преку Марио Гаврановиќ, кој мајсторски ја спаси Швајцарија во 90-тата минута. Очигледно коцкестите како да беа мотивација за швајцарците дека ништо не е изгубено и со два гола разлика за противникот.

Неверојанто како Швајцарија се најде во иста позиција како и Хрватска, од ситуација пред елиминација, до одење на продолженија. Ако претходно тоа го имаа триколорите, Бензема направи пресврт со двата гола, но сега Швајцарија беше таа која буквално се врати од бездната. Не ги обесхрабри ниту поништениот гол пред самиот крај на регуларниот дел заради офсајд. Жестоко нападнаа во дополнителните 4 минути, кога замената Коман, од далечина шутираше кон голот, но само ја погоди стативата.

Следуваа две продолженија од по 15 минути. Обата тима, жестоко и енергично, напаѓаа и го бранеа својот шеснаесетник. Во еден момент се проверуваше карамболот пред голот на Франција кога имаше потенцијален момент за пенал. Во второто продолжение од 15 минути, беше јасно дека двата тима ќе одат или на победа или на пенали. Мбапе најжесток во нападите. Франција успеваше да дојде до голот на Швајцарија, но секогаш беа изблокирани пред удар.

За првпат во осминафиналето се одеше на пенали. Првиот пенал и припадна на Швајцарија, а прецизно шутираше Гаврановиќ. За Франција првиот пенал го изведе успешно Погба. Зомер и Лорис не им ги прочитаа ударите и се фрлија на погрешна страна на голот. Втоирот пенал за Швајцарија го шутираше Шар, а за Франција Жиру, прцизно, иако Сомер го прочита. Трет па за Швајцарија биеше Аканџи и го збуни Лорис кој не реагираше навреме. За Франција биеше Турам, а Зомер го прочита, но не успеа да го спречи ударот. Четвриот пенал за Швајцарија го биеше Варгас, а Лорис го прочита, но не успеа да одбрани. За Франција биеше Кимпембе повторно прецизно. Петиот пенал за Швајцарија го погооди Мехмеди. Петиот решавачки пенал за Франција го биеше Мбапе, но Зомер го прочита и го одбрани. Светскиот првак си оди дома, а Швајцарија оди на дуел со Шпанија во четвртфинале.

Back to top button
Close