ЕУРО2020: Групната фаза носи награда од 9.25 милиони евра за македонската репрезентација

– Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го намали наградниот фонд за овогодишното ЕУРО2020, што започнува идната недела, од 371 на 331 милиони евра, но и покрај тоа претстојното Европско првенство ќе има рекорден фонд за награди.

Досегашниот рекорд изнесуваше 301 милиони евра, колку што поделија 24-те учесници на ЕУРО 2016 во Франција.

Сите учесници на ЕУРО2020, вклучувајќи ја и македонската репрезентација, ќе инкасираат загарантирани 9.25 милиони евра, додека учесниците во осминафиналето ќе заработат дополнителни 1.5 милиони евра, место првично предвидените два милиони евра. Пласманот во четвртфиналето вреди 2.5 милиони евра, полуфиналето четири милиони евра, додека финалистите ќе инкасираат дополнителни пет милиони евра, а новиот европски првак ќе добие дополнителни осум милиони евра.

Back to top button
Close