ЕУРО2020: Петнаесет тренери со европска титула, најискусен Јоаким Лев

Низ историјата на европските фудбалски првенства титулата ја имаат освоено вкупно 15 тренери, а ниту еден од нив не успеал да го повтори успехот по втор пат.

Единствениот тренер кој европската титула ја освои со странска репрезентација е Германецот Ото

Рехагел во 2004 година со Грција.

Само двајца тренери може да се пофалат со европска и светска титула. Германецот Хелмут Шон, кој од клупата на Германија го освои Европското првенство во 1972 и Мундијалот во 1974 година, додека Шпанецот Винсент дел Боске и ја донесе на „црвената фурија“ европската титула во 2010, а светската во 2012 година.

Највозрасен тренер со европска титула е Шпанецот Луис Арагонес, кој го освои ЕУРО 2008 со 69 години и 336 денови, а најмлад е неговиот сонародник Хозе Виљалонга, кој ја предводеше шпанската репрезентација до европскиот трон во 1964 со 44 години и 192 денови.

Најмногу натпревари на европските првенства, дури 17, има Германецот Јоаким Лев, кој по ЕУРО 2020 ја напушта германската клупа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close