ЕУРО2020: Португалија со победа тргна во одбрана на титулата, Роналдо најдобар стрелец на Европските првенства

Актуелниот европски првак Португалија ја совлада вечерва Унгарија со 3:0 (0:0) во воведниот натпревар од групата Ф на ЕУРО2020.

Унгарците, кои до самиот финиш на натпреварот во Будимпешта одолеваа на нападите на Португалците, потклекнаа во 85 минута кога Рафаел Гуереро им донесе водство на европските прваци по што на сцена стапи Кристијано Роналдо со два гола, најпрво во 87 минута од пенал, а победата ја запечати со својот втор гол во судиското продолжение.

Роналдо со денешниот натпревар против Унгарија собори мноштво рекорди, станувајќи, притоа, првиот фудбалер во историјата со настап на пет Европски првенства и најдобар стрелец во историјата на континенталните собори со 11 голови.

Во вториот натпревар од групата Ф, Германија вечерва од 21 часот е домаќин на Франција.

Back to top button
Close