Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со тренерот Бабиќ до 2024 година

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со стратегот Жељко Бабиќ, потпишувајќи денеска договор со поранешниот хрватски селектор до јуни 2024 година.
– Клубот и хрватскиот тренер се на иста бранова должина и заеднички ќе ја продолжат надградбата на проектот, соопшти попладнево битолскиот прволигаш.

Бабиќ е трет хрватски тренер во историјата на клупот од Битола, по Иван Мунитиќ и Анте Костелиќ, таткото на најдобрите хрватските скијачи на сите времиња, Јаница и Ивица Костелиќ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close