Еурофарм Пелистер: Манасков не беше приведен, туку повикан на информативен разговор во Охрид

Вчера во рамките од македонската машка ракометна Суперлига, играчите на ГРК Охрид направија изненадување совладувајќи го актуелниот шампион, битолски Еурофарм Пелистер.

По завршувањето на натпреварот, како што објави „Охрид њуз“, ракометарот на битолската екипа, Дејан Манасков ги загубил нервите и физички го нападнал помошникот на тренерот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски ја извести јавноста дека Манасков бил приведен. По завршувањето на натпреварот, при меѓусебното поздравување на играчите, Манасков физички го нападнал Крсте Андоновски и по целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска, ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави, односно ја негира изјавата на портпаролот на СВР Охрид дека нивниот играч Дејан Манасков бил приведен:

– Ракометарот на Еурофарм Пелистер – Дејан Манасков беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен дома, ги демантираме сите медиуми, дека нашиот ракометар е приведен – стои во објавата на РК Еурофарм Пелистер.

Back to top button
Close