Еуромакс Ресоурсис: Цијанид нема и нема да има при експлотацијата на рудникот „Иловица – Штука“  

 

Проектот за изградба на рудникот „Иловица – Штука“ ќе биде рудник на 21 век, со современа технологија и најмодерни процеси на експлоатација во кои што нема да се користи цијанид, истакнува Живко Груевски, директор за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурсис во Дневникот на Сител ТВ по повод Денот на рударите во Македонија, како и по последното решение на Владата со кое се повлекува претходно донесената одлука за спојување на концесиите за рудникот.

 

„Прво мора да почнеме и да веруваме на системот и на државата. Македонија во дадениот случај има поставено многу високи стандарди. Јас 100 илјади пати сум кажал дека нема да се користи цијанид во нашата технологија, а тие сеуште се глуви на тоа, а не може ни законски да се употребува, никоја институција не може да ни го дозволи тоа, затоа што со промена на законот тоа е исклучено. Небулозно е тоа, но , ние сме тука да одговараме и со конструктивна дебата да ги прикажуваме сите работи такви какви што се, но тука ги вклучуваме и научните кадри и експертите. Тие се тие кои треба да докажуваат и укажуваат, не јас, затоа што јас не сум експерт. Трибини биле организирани и ќе се организираат секогаш. Ние понудивме  и формирање независно мониторинг тело, по сугестија на германски институт, кое  би функционирало од подготовките, од почетокот на изградба на рудникот, па се до процесот на експлоатација, каде директно ќе учествуваат претставници од народот, граѓанскиот сектор, локалните тела,“ вели Груевски.

 

Груевски во гостувањето истакна дека компанијата останува посветена во намерата да се реализира проектот и да се отвори рудникот со што значително би се допринело за развој на регионот и севкупната македонска економија, додека арбитражната постапка која би можела државата да ја чини една милијарда евра останува чекор само во краен случај.

 

 

Back to top button
Close