Еуростандард банка – жртва на политичкиот систем во независна Македонија

Секојдневието кое го минуваме е поврзано со сите дневни настани кои го обликуваат нашето живеење, меѓутоа фактот дека е направено злосторство врз Еуростандард банка и натаму не ми дава мир.

Сведоци сте дека секоја недела пишувам за одредени сегменти поврзани со институциите кои повеќе или помалку биле замешани директно или индиректно околу овој чин.

Најпрво ќе отпочнам со ранг листата на Транспаренси Интернешнл за криминал и корупција објавени на нивните официјални сајтови. Од сите земји во светот Македонија се движи меѓу 80-то и 110-то место на оваа листа.

Со еден збор, повеќе од јасно е дека во Македонија постои криминал и корупција, па дури и организиран криминал. Република Македонија по своето политичко уредување е парламентарна држава каде граѓаните на директни избори ги избираат своите претставници во институциите.

Согласно парламентарната демократија, Македонија ги има сите институции во функција. Да појаснам, ги има на хартија. Дали овие институции се во служба на граѓаните, штитејќи го нивниот интерес согласно законите?

Не почитувани, во Р. Македонија демократијата се практикува само де јуре, де факто демократијата во Македонија се узурпира, а тоа узурпирање на демократијата е најплодната почва за криминал , корупција и организиран криминал.

Многумина од вас ќе се прашаат која е целта на мојата денешна колумна. Мојата основна цел е да ви укажам дека живееме во општество полно со аномалии каде што ние граѓаните сме сведоци и жртви за лукративните интереси на таканаречените демократи.

Еуростандард банка беше однесена во стечај на 12 Август 2020 година со одлука на Гувернерот на Народна Банка Анита Бежоска која замислете и денеска е сѐ уште Гувернерка, прескокнувајќи низа мерки кои беа на располагање за спас на банката.

Госпоѓата Бежоска не ги почитувала процедурите кои ги имала на располагање согласно Законот за банки и се дрзнала на најбезобразен начин да ја носи банката во стечај. Основното прашање е кому Госпоѓата Бежоска одговара за своите постапки?

Согласно Законот за банки Госпоѓата Бежоска одговара пред Собранието на Р. Македонија или поточно работењето на Народна банка е под ингиренции на Комисијата за финансирање и буџет при Собранието на Р. Македонија.

Покренатата иницијатива на оваа комисија при Собранието на Р. Македонија за испитување на стечајот на Еуростандард банка не вроди со никаков плод иако на расправата во Собранието на Р. Македонија беа повикани сите фактори кои директно или индиректно се вклучени во настаните со Еуростандард банка.

Епилог од ова сослушување е само записникот добиен од оваа комисија без никакви конкретни чекори дека оваа комисија ќе направи длабинска анализа за работењето на Народна банка, впрочем а кој од членовите на комисијата може да направи контрола на работењето на Народна банка?

Со сиот респект кон пратениците, членови на оваа комисија, тоа се пратеници без никакво познавање на банкарството и банкарскиот систем.

Прашувам отворено, како може да си дозволиме да највисокиот орган за контрола на работењето на Народна банка нема експертски тим кој ќе навлезе длабоко во контрола на секојдневното работење на оваа институција.

Веќе три децении се практикува во Собранието на МК годишните извештаи за работењето на Народна банка да не бидат ставени на седница ниту за разгледување, туку едноставно молчешкум се прифаќани.

Трифун Костовски

 

Back to top button
Close