Евакуација во НБМ,УЈП,Централен депозитар и регистер,КИБС,КАСИС,по дојавата за бомба

Закана за поставена бомба, пред половина час пристигнала на мејлот во генералната дирекција на Народна банка на Македонија (НБРМ). Извори за НоваТВ, сведочат дека во моментов се евакуираат вработените од повеќе финансиски институции сместени во овој објект во Скопје.

Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштаат објектот.

Полицијата е на терен и ги утврдува деталите за заканата.Ова е прва закана со бомби во јавни институции по неколку неделните закани со бомби во училиштата.

извор НОВАТВ МК

Back to top button
Close