Евакуиран и последниот станар од зградата во која изгореа два стана во Штип


Евакуиран е и последниот станар во зградата во којашто вечерва изгореа два стана на улицата „Широк дол“ во Штип.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека излекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи не сакал да излезе од својот дом.
Известувачот на МИА од терен информира дека пожарникарите и полицијата се уште се пред зградата. Пожарот е изгаснат и излечени се сите станари. Струјата во зградата е исклучена. Крим полиција треба да изврши увид, со цел да се утврдат причините за пожарот што избувна во 18:35 часот.

Пожарот избувнал во стан, во којшто немало струја. Според соседите, ова не е првпат да се пали овој стан, се сомневаат дека пожарот настанал од запалена свеќа.

Back to top button
Close