Евакуиран трговски центар во Белград, алармот случајно се вклучил

Трговскиот центар во Белград на улицата Воислав Илиќ денес беше евакуиран, бидејќи се вклучил алармот. Граѓаните најпрвин мислеле дека се работи за дојава за бомба, но, како што пишуваат српските медиуми според информациите од Министерството з внатрешни работи нја Србија, алармот се активирал случајно.

„Нема простор за паника. Се е во ред, алармот се вклучил случајно“, изјавија од МВР.

Претходно, на страницата „Мој Београд“ беше објавена вест за евакуација на трговскиот центар, и сомнеж дека се работи за бомба.

„Нешто се случува во трговскиот центар Бео, луѓето почнаа да трчаат, никој не знае што е тоа. Веројатно се работи за уште една дојава за бомба“, пишува на страницата „Мој Белград“.

При евакуацијата дошло до колапс во гаражата на трговскиот центар.

Back to top button
Close