Евакуирана главната Железничка станица во Виена поради закана за поставена бомба
Австриската полиција попладнево ја евакуираше главната Железничка станица во Виена, а весникот „Куриер“ пишува дека станува збор за закана за поставена бомба.
„Имаме неколку полицајци на лице место и ја разјаснуваме ситуацијата. Избегнувајте непотребен престој во кругот на Железничката станица“, објави полицијата на мрежата Икс.
Железничкиот сообраќај е во прекин, а поради инцидентот се сменети и трасите на неколку автобуси.