Евакуирана скопската зоолошка – слон турнал столб за електрична енергија

Денеска во зоолошката градина се случил инцидент откако еден од слоновите удрил во столб.

Веднаш реагирало обезбедувањето и посетителите биле безбедно евакуирани.

Репортерот на ТВ21 јавува дека сè се случило многу брзо и за 5 минути сите биле надвор од зоолошкаде и тргнале кон дома, откако им било кажано дека не е познато кога можат да се поправи ситуацијата.

Од Зоолошката градина велат дека немало целосни прекини на електрична енергија, дека слонот само го турнал столбот.

Посетата во Зоолошката градина продолжува, а прекинот траел само 15 минути

Back to top button
Close