Евакуирани се 180 лица во Кичево – големи поплави во западна Македонија

Обилни врнежи од дожд во западна Македонија предизвикаа големи поплави. Во Кичево се евакуирани 180 лица, а најмногу дожд наврна во Пожаране и Тетово поради циклон од Џеновскиот залив.

Во изминатите 48 часа, заклучно со утринските часови, во западните делови од Македонија наврнаа обилни количества дожд, што предизвика сериозни поплави и евакуација на голем број граѓани.

Најмногу дожд е измерен во Пожаране – 55 литри на метар квадратен, додека од градовите најпогодено е Тетово со 52 литри на метар квадратен.

Обилните врнежи доведоа до нагло зголемување на водостоите на реките, при што постои ризик од нивно излевање во повеќе западни предели од државата.

Најтешка е состојбата во Кичево, каде поради поплавите биле евакуирани дури 180 лица. Поплавени се домови и инфраструктура, а надлежните служби интервенираат на терен за справување со последиците.

Back to top button
Close