Eве кога пензионерите ќе ги земат декемвриските пензии

Иако пред Новата година имаше најава дека пензионерите своите пензии ќе можат да ги подигнат на 2-ри јануари сепак тоа денеска не се случи.

Минатиот четврток (28 декември 2023) Министерството за труд и социјална политика информираше дека пензионерите нема да добијат пензија на 1 јануари во 2024 година, а причина за тоа е, неработниот ден по повод Новата година

.Сепак од таму информираа дека пензиите ќе се исплатат на 2 јануари, што значи сите пензионери веќе на вториот ден од Новата година ќе може да ги подигнат своите пензии од банкомат.

„Ве информираме дека бевме известени од ПИОМ дека ПИОМ ќе ги исплати пензиите за месец декември на 3 јануари, 2024 година. Во согласност со најавата од ПИОМ, Банката ќе овозможи пристап до средствата од вашата пензија на банкоматите и во експозитурите, во среда, 3 јануари, 2024 година“, велат од една од банките.

Мора да се потенцира дека некои од банките се солидаризираа со пензионерите и пензиите беа пуштени пред Новата година

Back to top button
Close