Еве во кои земји има најмала заинтересираност,а во кои најголема за вакцинација против коронавирусот

Евробарометар го сподели истражувањето во врска со заинтересираноста на земјите за вакцинација против Ковид-19. Резултатите се шокирачки. Имено, најнезаинтересирани земји за вакцинација против Ковид-19 се Словенија, Бугарија, Хрватска и Литванија.

Во истражувањето, 25 проценти од испитаниците, во овие земји, се изјасниле дека никогаш нема да се вакцинираат. Поточно, во Бугарија процентот е 26, во Литванија и Словенија 24, додека во Хрватска 22 проценти од популацијата се изјасниле дека не сакаат да се вакцинираат.

Досега, највеќе се вакцинирани во Холандија, Ирска и Малта, 87 проценти од населението.

Back to top button
Close