Евертон и Наполи заинтересирани за Лукас Васкез

 Напаѓачот на Реал Мадрид, Лукас Васкез би можел да ја продолжи кариера во Евертон или Наполи.

Според шпанските медиуми, двата клуба размислуваат да го ангажираат 29-годишниот Шпанец, чиј договор со Реал истекува во јуни 2021 година, по што ќе биде слободен агент. Се известува дека за фудбалерот исто така се заинтересирани Валенсија и Севилја.

Во сезоната 2020/21, Васкез одигра 24 натпревари за Реал Мадрид, постигна два гола и пет асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 15 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close